Шкупи по освојувањето на титулата се раздели со шест фудбалери

шкупи
Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Новиот македонски шампион, Шкупи, објави дека се раздели со шест фудбалери кои му помогнаа да ја врати титулата во Чаир.

Од тимот заминува актуелниот младински репрезентативен центарфор Марко Ѓорѓиевски, екс-младинскиот репрезентативец Костадин Чешмеџиев, потоа Александар Ѓурковски, Ардит Иљази и Фатих Исмаили, како и репрезентативецот на Руанда, Абдул Руатубјаје, кој зимоска доживеа тешка повреда и сѐ уште е во процес на рехабилитација после операцијата.

– Нашиот тим соопштува дека ја раскина соработката со шест фудбалери. Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубјаје. Договорите за раскинување на соработката се со договор на двете страни, додека нашиот клуб им се заблагодарува на фудбалерите за придонесот и им посакува многу среќа во следните предизвици  – соопшти Шкупи.

Во тимот немаат време за одмор, утре ќе го дознаат противникот во првото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите и веќе ги започнаа подготовките како за европските квалификации така и за новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот