Шкупи испушти победа против Пјуник (ВИДЕО) - Слободен печат
СпортФудбал

Шкупи испушти победа против Пјуник (ВИДЕО)

Македонскиот тим одигра 3:3 против Пјуник во првиот натпревар од квалификациите за ЛЕ.

Екипата на Шкупи пропушти можност со победа да го започне настапите во квалификациите за Лигата на Европа.  Чаирчани на гостувањето кај Пјуник во Ереван одиграа 3:3 иако имаа предност од два гола во вториот дел но не успеаја да ја зачуваат предноста до крајот на натпреварот.

Резултатот го отвори Вардаријан уште во 4. минута по успешно реализираниот пенал, но до крајот на полувремето, Шкупи успеа да направи пресврт, прво преку капитенот Мухарем Бајрами во 26 минута израмни, а Дарко Илиевски на две минути до крајот на полувремето донесе пресврт и водство од 1:2.

Во 60 минута, Бајрами со прекрасно изведен слободен удар донесе големо водство од 1:3, но ерменскиот тим се извади во последните 10 минути со головите на Жестоков во 80 и Манучарјан во 85 минута.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close