Шкупи го надигра Вардар, Нафиу во финишот за радост на Шкендија

Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Денеска се одиграа преостанатите пет натпревари од 23 коло во Првата лига, Шкупи на теренот на ФФМ освои три бода, а Шкендија им се врати победите откако славеше со погодок во самиот финиш.

Тимот од Чаир ја забележа 12 победа сезонава откако со головите на Реџиналдо во 29 и Глигоров во 67 минута од средбата триумфираше над Вардар.

Шкендија на домашен терен во Тетово успеа да го совлада битолски Пелистер со голот на Нафиу во 87 минута на Градскиот стадион во Тетово.

Тимот на Македонија беше изненаден од Силекс откако кратовци убедливо победија со 0:3 со два гола на Тантуровски и еден на Ивановски.

Мируваа мрежите на мечот Струга Трим Лум-Ренова, а екипата на Борец ја оправда фаворитската улога против Беласица (1:0), едиснтвениот погодок за велешани беше дело на Баса во 55 минута од средбата.

На табелата води Шкендија со 50 бодови, пред Шкупи (43), Македонија ЃП (38), Струга Трим Лум (34), Работнички (32), Борец (32)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот