Шкупи го комплетираше катастрофалниот ден на македонските екипи!

facebook.com/fcpyunik photography

Шкупи имаше убав резултат од првиот дуел во Ерменија (3:3), па денеска можеше и со евентуални 0:0, 1:1 или 2:2 да се пласира во следната фаза, но тоа не се случи.

Фудбалерите на Умит Каран од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје имаа одлична поддршка од околу 12.000 илјади гледачи, но играчите не им возвратија со триумф и пласман во следната фаза.

Ерменците триумфираа со 1:2, стрелци на головите беа Једигарјан кој во седмата минута испрати еден „проектил“ од околу 25 метри, а во 31 минута Миранјан се погрижи за зголемување на позитивата. Хрватот Јурина за домаќините само го постигна почесниот погодок во 82 минута. Проблемите на Шкупи се зголемија поради црвениот картон на Сержињо четири минути подоцна. Со сите сили тргна македонскиот претставник и по втор погодок, но безуспешно.

Чаирчани само го комплетираа денешниот катастрофален ден на нашите екипи кои учествуваа летово во првото квалификациско коло на Лига Европа.

Претходно Академија Пандев во својот дебитантски настап на меѓународната сцена двапати загуби од Зрињски Мостар.

Македонија Ѓорче Петров се прости од еврокуповите откако беше двапати надигран од ерменскиот претставник Алашкерт.

Една навистина лоша фудбалска недела, биланс од четири порази, ако го сметаме и оној изненадувачкиот на Шкендија во вторникот во квалификациите за ЛШ од естонскиот Номе Калју.

Уште едно лето завршува многу брзо за македонските клубови во Европа, сега останува Шкендија да ја брани честа и да видиме во наредниот период колку далеку ќе стигнат тетовските „црвено-црни“ во квалификациите на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот