Фото: FC Shkupi

Шкупи: Андреј Лазаров се задушил додека спасувал други животи

Македонија денеска го живее еден од најтешките денови во својата историја откако во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија засега потврдени над 50 лице, но се стравува дека бројката ќе биде и поголема поради големиот број повредени.

Помеѓу загинатите беше и 25-годишниот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров. Од редовите на Шкупи ја потврдија тажната вест и информираа дека Лазаров починал така што се задушил од чадот додека помагал на останатите присутни.

„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент“, стои меѓу другото во објавата на Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот