Шкријељ: Просечната пензија ја зголемуваме на 15.500 денари од февруари годинава

Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика во СДСМ, денеска се сретна со пензионерите во Демир Капија, информираат од партијата. Шкријељ со нив разговараше за претстојното зголемување на пензиите од идниот месец за околу 700 денари но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација. На средбата, како што велат од СДСМ, се разговараше и за развојот на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.

„Од идниот месец над 320 илјади пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија. Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека годинава пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме кога раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 проценти на просечната плата. Со ова Владата покажа дека не прави ад хок зголемувања на пензиите пред избори, туку врз основа на законска рамка”, рече Шкријељ.

Прочитајте и...  „Фортонмка": Цените на становите ќе останат стабилни, освен во Центар и Карпош

Шкријељ истакна дека Владата за само една година од спроведувањето на пензиската реформа успеа да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за ПИО за 3 милијарди денари, а приходите се зголемени за 10%.

„На почетокот на 2020 година просечната пензија со последното покачување во јануари ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија е зголемена за вкупно 1.746 денари. Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари“, посочи Шкријељ.

Прочитај повеќе

Хонгконг на околу седум милиони жители ќе им подели по 1.280 долари во готово

Слободен печат

Почнаа карневалските празнувања во Струмица

Слободен печат

АКЦИЈА ВО УКРАИНА: Властите уништуваат 37.000 шишиња нелегално произведена вотка

Слободен печат

Руската полиција заплени бетмобил (ВИДЕО)

Слободен печат

Асанж се пожали дека не може да ја следи постапката за екстрадиција: Во ова учествувам како да гледам Вимблдон

Слободен печат

Трамп најави пресконференција за коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Додик: Посетата на Ѓукановиќ на БиХ е штетна по националниот интерес на Република Српска

Слободен печат

Тавила: Северна Македонија е подготвена за рано откривање на случаите со коронавирусот

МИА Агенција

Јенс Шпан: Германија е на почетокот од епидемијата на новиот коронавирус

Слободен печат

Листата на чекање сѐ подолга: Речиси осум илјади луѓе сакаат да патуваат во вселената

Слободен печат

Струмичкиот карневал нема да се откаже, ќе се следат препораките од надлежните

Слободен печат

Косово: Ниту едно лице не е заразено со коронавирус

Слободен печат