Шкотските тинејџери два пати неделно самите ќе се тестираат за коронавирус по враќањето во училиштата

epa08414589 Teacher Corentine Gerber teaches a primary school class at the Etablissement Primaire de l'ecole vaudoise, in Morges, Switzerland, 11 May 2020. Swiss primary and secondary schools reopened with half of the students during the ongoing coronavirus Covid-19 pandemic. EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Според најавите на шкотските власти, тинејџерите од таа земја два пати неделно ќе се тестираат дома кога училиштата повторно ќе се отворат.

Тие ќе се тестираат самите или со помош на родител или старател, а ќе се користат брзи тестови кои веднаш даваат резултати.

Иако се работи за доброволна програма, министерот за образование Џон Свини смета дека е добро што повеќе ученици да соработуваат за училиштата да бидат заштитени од појава на жаришта, пишува Скај њуз.

Враќање во училишните клупи

Училиштата во Шкотска би требало повторно да се отворат на 22 февруари за почеток на второто полугодие. Прво ќе се отворат основните училишта.

Тестовите на почетокот ќе се понудат на училишниот персонал и учениците од поголемите одделенија, а би требало да се достават во училиштата оваа недела.

Британскиот премиер Борис Џонсон рекол дека училиштата во Англија нема да се отворат пред 8 март. Властите во Северна Ирска исто така наведоа дека училиштата најрано ќе се отворат во март.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот