Шкотската Влада објави нов предлог-закон за втор референдум за независност

Фото: EPA/ANDY RAIN

Владата на Шкотска објави предлог-закон за одржување на втор референдум за независност. Владејачката партија бара да се одржи втор референдум по завршување на пандемијата, но „во текот на првата половина од мандатот на новиот парламент”.

Шкотската национална партија соопшти дека ќе се обиде да го изгласа законот, доколку изборите во мај внесат доволно пратеници во Парламентот кои ја поддржуваат независноста.

Конзервативците, лабуристите и либералдемократите се против и сметаат дека Шкотска треба да се фокусира на закрепнување од здравствената криза наместо да се спори за Уставот.

Предложениот закон го вклучува истото прашање како и на референдумот во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна држава? – Може да се одговори со „да” и „не”. Но, независната изборна комисија ќе ја провери формулацијата на прашањето, откако законот ќе биде официјално доставен во Парламентот. За датумот на вториот референдум ќе одлучуваат европратениците.

Шкотланѓаните ја отфрлија независноста на референдумот во 2014 година, но Брегзит и активностите на британската Влада во борбата против коронавирусот ја зголемија поддршката за отцепување, при што повеќето анкети на јавното мислење покажаа дека мнозинството поддржува отцепување од Велика Британија.

Изборите во шкотскиот Парламент се закажани за мај во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот