Шкотската премиерка се извини за прекршување на мерките за спречување на ковид-19

Фото: EPA-EFE/FRASER BREMNER/SCOTTISH DAILY MAIL / POOL

Шкотската премиерка Никола Старџон се извини за кршењето на мерките за сузбивање на коронавирусот, откако е забележана дека ја отстранила заштитната маска за време на еден погреб.

Фотографијата објавена во шкотски „Сан” ја прикажува Старџон како разговара со три жени во еден бар, држејќи се на дистанца, но без маска.

Епидемиолошките мерки во Шкотска предвидуваат задолжително носење маска во затворен простор, освен на маса, а маската мора да се носи додека гостите се движат.

Старџон присуствувала на погреб на владин претставник, пренесува Гардијан.

– Накусо ја тргнав маската. Тоа беше глупава грешка и навистина ми беше жал, рече премиерката. Таа додаде дека секој ден размислува за важноста на носење маска и затоа сака да се извини.

– Направив грешка и жал ми е, рече Старџон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот