Шкотската премиерка повика на нов референдум за независност од Обединетото кралство

Никола Старџен / EPA-EFE/ Finn Hall / Scottish Parliament

Шкотската премиерка Никола Старџен повикува следната година да се организира нов референдум за независност на земјата од Обединетото кралство, соопшти „Тајмс”.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), која се залага за независност на Шкотска, рече дека претпоставува дека гласањето ќе се одржи во „најраниот период” од новиот мандат на шкотскиот Парламент, што почнува следната година, пренесуваат британските медиуми.

-Шкотска треба да има шанса да избере дали ќе стане независна порано отколку подоцна, рече таа за телевизијата „ITV Border”.

На референдумот во 2014 година 55 проценти од Шкотланѓаните гласаа против независноста, но Брегзит и начинот на кој британската Влада управува со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, доведоа до се посилна поддршка на идејата за независност на Шкотска, покажува последната анкета.

Шкотските парламентарни избори ќе се одржаат во мај и се очекува владеачката СНП да постигне добар изборен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот