Шкотската премиерка контра Џонсон: „Останете дома, спасете животи”

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека нема да го користи новиот слоган на британската Влада „Биди внимателен, контролирај го вирусот и спаси животи”.

Таа на Твитер напиша дека нејзината влада не била консултирана за таа промена и дека новиот слоган на британскиот премиер Борис Џонсон првпат го прочитала во утринскиот печат, пренесува Би-Би-Си.

– Секако, тој треба да одлучи што е најсоодветно за Англија, но, со оглед на критичниот момент во борбата против коронавирусот, мојата јасна порака за Шкотска во оваа фаза останува – „Останете дома, спасете животи”, наведе Старџен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот