Шкотска соочена со излез од ЕУ против сопствена волја

Британската Влада мора да и дозволи на Шкотска следната година да гласа за независност, бидејќи е соочена со излез од ЕУ против сопствена волја, изјави денеска лидерката на Шкотската национална партија Никола Старџен.

– Гласот за Шкотската национална партија е глас да се избегне Брегзит- истакна таа на почетокот од предизборната кампања.

Таа нагласи дека „првото ветување на конзервативците на овие избори е да се изнесе Шкотска од ЕУ против нејзина волја”.

Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, вчера изјави дека „нема шанси за референдум”, бидејќи на луѓето во 2014 година им е ветено дека станува збор „за можност која се добива еднаш во животот”.

Анкетите покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска се зголемува, откако 55 отсто избирачи гласаа за нејзино останување во Обединетото Кралство на референдумот пред пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот