Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

Лидерката на Шкотската национална партија, Никола Старџен, изјави дека нејзината партија, со своите 35 пратеници, ќе ги испита сите опции во парламентот да го спречи излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Британските медиуми пренесуваат дека таа не ја исклучува можноста да го поддржи и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин.

-Ќе работиме со сите и ќе ја истражиме секоја опција за да спречиме Брегзит, рече Старџен. Таа додаде дека Корбин, кој претходно ги повика политичките противници да го поддржат во обидот да ја турне владата на Борис Џонсон, мора да изнесе јасен став за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот