Шкотите без дилеми: Би биле огромни фаворити против Македонија во баражот

Како и ние, така и Шкотите имаат желба да се сретнат со Македонија во баражот за СП 2022/Фото: EPA/NAKE BATEV

После дознавањето на сите репрезентации кои ќе играат во баражот за пласманот на Светското првенство во Катар 2022, веднаш се започна со желбите кои би биле „полесни“ противници во полуфиналето и финалето во март следната година.

Како што е веќе познато, можни ривали на македонската А репрезентација во полуфиналето се Португалија, Италија, Шкотска, Велс, Шведска и Русија.

За нас можеби е најдобро да се избегнат најголемите фаворити Португалија и Италија, а по наш вкус подобро би било да налетаме на Велшаните или Шкотите гледајќи според квалитетот, но жрепката на 26 ноември ќе ги каже официјалните парови.

И Шкотите веќе започнаа со анализи на можните ривали, и за нив исто така најдобро да играат против Македонија.

– Македонија е рангирана 74 место на ФИФА листата и сега е без Горан Пандев, нејзиниот најдобар стрелец и со најмногу настапи. Претрпеa три порази на Европското првенство во летниот период, но имаше доволно за да покажaт дека поседуваат вештини и голем талент.

Заминувањето на Пандев по Евро 2020 ја остава репрезентацијата без талисман, но не и без талент. Енис Барди, Елиф Елмас и Александар Трајковски постигнаа по четири голови во мундијалските квалификации.

Шкотска би била огромен фаворит, но, како и селекцијата на Стив Кларк, Македонија има за цел да докаже дека пласманот на Европското првенство не било случаен – се вели во анализата на новинарот Енди Којл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот