„Шкода“ го прекинува производството во Чешка поради недостиг од чипови

Автомобил „Шкода Ауто“
Автомобил на „Шкода Ауто“ / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“ ќе го ограничи или целосно ќе го запре производството на автомобили во сите три фабрики во Чешка од 18 октомври до крајот на годината, поради глобалниот недостаток на чипови.

Суспендирањето на производството би можело силно да ја погоди чешката економија, бидејќи „Шкода Ауто“, која е дел од групацијата „Фолксваген“, придонесува со пет проценти во чешкиот БДП, но исто така сочинува девет проценти од чешкиот извоз, пренесува „Еурактив“.

Производството претходно беше прекинато во септември за една недела од истата причина.

Недостатокот на полупроводнички чипови го зафати целиот автомобилски сектор во светот, а европските производители зависат од азиското производство, кое опаѓа поради пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот