Шкендија заборави да победува

фото: ФК Шкендија

Шампионот Шкендија не успеа да победи ниту во третото коло во новата сезона од Првата фудбалска лига, откако попладнево на домашен терен одигра нерешено  1:1 против екипата на Македонија ЃП. Едуардо Паду со голот во 38. минута ги донесе „лавовите“ во водство, но само три минути подоцна, Егзон Бејтулаи го израмни резултатот, кој на крајот се покажа и како конечен.

За разлика од Шкендија која не знае за победа, екипата на Ренова е најпријатно изненадување. Иако ја прекина серијата од две победи, Ренова на гостувањето кај Шкупи одигра 2:2 и за задржа лидерската позиција на табелата заедно со Академија Пандев.

Екипата на Струга Трим Лум со 2:1 го победи Силекс, додека  фаворитската улога ја оправда Академија Пандев на средбата со Борец победувајќи со 2:0

Резултати 3. коло:
Академија Пандев – Борец 2:0
Шкендија – Македонија ЃП 1:1
Шкупи – Ренова 2:2
Струга – Силекс 2:1
Вардар – Работнички 2:0

Табела:
1. Академија Пандев 7
2. Ренова 7
3. Струга Трим Лум 6
4. Македонија ЃП 5
5. Шкупи 4
6. Вардар 4
7. Работнички 3
8. Силекс 3
9. Шкендија 1
10. Борец 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот