Шкендија со победа ги заврши подготовките во Анталија

Тетовчани во последниот контролен натпревар го совладаа Либерец со 1:0.

Екипата на Шкендија победнички ги заврши подготовките во Анталија, откако денеска минимално го совлада чешкиот прволигаш. Единствениот гол го постигна Бесарт Ибраими во 55. минута.

Тетовчани подготовките во Анталија ги завршуваат без пораз откако претходно остварија една победа и две ремија. Актуелниот македонски шампион го совлада Серед со 3:2, а ремизираше против Рандерс (3:3) и Карвина (0:0).

Шкендија во првото пролетно коло ќе му гостува на тимот на Академија Пандев на 16.февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот