Шкендија сега на „плус четири“, Шкупи ремизираше со Вардар

Фото: instagram.com/fcshkendija

Се одиграа натпреварите од 16 коло во Првата македонска лига, Шкендија со денешното реми на Шкупи сега има „плус четири“ предност на врвот. Тетовските „црвено-црни“ ја забележаа и 10 победа откако на домашен терен со 2:0 беа подобри од Беласица. Стрелци на головите беа Бејтулаи (45`) и Ибраими (60`).

Шкупи одигра нерешено 1:1 против Вардар, гостите дојдоа во позитива преку Мицевски во 77 минута, а пред самиот финиш Дарбо спречи пораз на домаќините од Чаир (89`).

Мируваа мрежите на мечот Силекс-Струга Трим Лум, а Работнички со 3:1 славеше над Ренова. „Романтичарите“ после првото полувреме водеа со погодокот на Ѓорѓевиќ (41`). Предноста ја зголемија Шаркоски и Станковски, а единствениот гол за „гипсарите“ го реализираше Шефити.

ВИДЕО: Во Кратово се игра фудбал или ватерполо?

Академија Пандев успеа после пресврт да дојде до трите бода против Борец (2:1). Велешани се радуваа во 39 минута со погодокот на Ристовски, но во вториот дел нивната негатива беше анулирана. Радески беше човекот кој им го донесе четвртиот триумф сезонава на „пандевци“, најпрвин израмни од пенал (78`), а 10 минути подоцна го постави конечниот епилог.

Со истиот резултат славеше и Македонија ЃП над Пелистер, ѓорчепетровци водеа од 20 минута со голот на Калид, а битолчани се погрижија за нов егал на натпреварот преку Илиевски. Интернационалецот од Гана, Калид беше херојот на „лавовите“ од Ѓорче, во 85 минута ја обезбеди 10 победа на клубот во шампионатот.

Прва лига 2020/21

16 коло, резултати –

Академија Пандев-Борец 2:1
Македонија ЃП-Пелистер 2:1
Работнички-Ренова 3:1
Шкендија-Беласица 2:0
Шкупи-Вардар 1:1
Силекс-Струга Трим Лум 0:0

Табела:

1.Шкендија 36 бодови
2.Шкупи 32
3.Македонија ЃП 32
4.Силекс 22
5.Струга Трим Лум 22
6.Борец 22
7.Работнички 21
8.Вардар 21
9.Ренова 15
10.Академија Пандев 14
11.Пелистер 12
12.Беласица 9

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот