Шкендија се жали на судењето и на однесувањето на Гачевски

фото: фејсбук/вардар

Шкендија објави официјално соопштение по дерби мечот со Вардар (2:2) со кој заврши есенскиот дел од шампионатот, а во него тие покажуваат незадоволство поради неколку судиски одллуки.

„Оваа реакција е поврзана со мечот во Скопје и неправдата нанесена од страна на судиите. Нашите забелешки се поврзани со судиските грешки, па ќе бараме соодветни мерки да бидат преземени кон службените лица, а исто така ќе доставиме видео материјал кој ги покажува грешките.

Серијата одлуки против нашиот тим почнаа во 13.минута кога по центаршут на Алими следеше игра со рака на дефанзивецот на Вардар, Младеновски, а судијата досуди офсајд.

Во 28. минута Ставрев досуди пенал за Вардар, откако Мурати стартувал врз Цветановски, иако јасно може да се забележи дека нема никаков контакт меѓу фудбалерите.

Во 35. минута Шкендија израмни, а веднаш потоа голманот Гачевски без топка го удри Жуниор пред очите на судијата, кој не регираше никако, односно не покажа жолт картон, иако требаше тоа да биде директен црвен картон.

Следи инцидент од 36. минута кога Бесарт Ибраими паѓа во казнениот простор по контактот со Серафимов, но судијата покажа дека тоа е чист старт и му даде жолт картон на Ибраими.

Во 50. минута Шкендија погоди преку Агим Ибраими и голот не беше признаен поради наводен офсајд, иако на снимката може да се забележи поинаква ситуација“.

Доколку судиите имале јасна намера да му наштетат на тимот на Шкендија во спортските цели во домашниот шампионат, тогаш бараме овие поплаки и материјали да бидат истражении прецизно и да бидат доделени казни за да не се повтори нешто слично и да се овозможи да победи најдобриот.

Се надеваме дека оваа жалба ќе биде мотив за судиите во иднина да ги надминат своите лимити и да продолжат да ја делат правдата според фудбалските правила, а ФФМ да го води фудбалот кон европските перспективи и да го заштити од ниското ниво на однесување „ала Гачевски“, стои во соопштението на Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот