Шкендија се засили со Чехот Водра

Јан Водра/фото: ФК Шкендија

Поранешниот македонски шампион Шкендија денеска и официјализираше потписот со чешкиот интернационалец Јан Водра. Чехот кој настапува на левата бековска позиција, во Шкендија дојде од редовите на Бохемијанс 1905.

Претходно има играно и за екипите на Бањик Острава и Чешке Будејовице, а има настапувано и за младинскиот тим на најтрофејниот чешки тим, Спарта Прага.

– Среќен сум што доаѓам во Шкендија и во Тетово, мислам дека е вистинскиот момент што доаѓам сега, пред стартот на европските предизвици. Мислам дека веќе низ мечевите во Конференциската лига ќе ја оправдам довербата, а потоа во првенството верувам дека ќе атакуваме на трофеите. Тоа што го сфатив деновиве е дека Шкендија има исклучително квалитетен тим со голем потенцијал и убеден сум дека заедно ќе имаме позитивни резултати, како во Европа, така и во првенството – изјави Водра.

Водра е четврто засилување за екипата на Шкендија, пред него за тетовските „црвено-црни“ потшишаа Башким Велии, Давор Талески и Влатко Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот