Шкендија конечно се израдува на победа

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија дојде до првата победа сезонава откако со 4:1 го совлада Гостивар во Купот на Македонија.

Најскапото засилување за тетовчани, Бразилецот Фелипе кој дојде од Вардар го отвори резултатот, а по него следеа и головите на Омар Имери, Бесарт Ибраими и Реџепи со што го заверија пласманот во осминафиналето на најмасовното натпреварување, и што е поважно успеаја да дојдат до првата победа.

Убедлив триумф остварија и екипите на Работнички, Борец и Струга Трим Лум, додека лидерот на табелата, Ренова мораше преку пенал серијата да го обезбеди пласманот во наредната рунда. Ренова губеше со 1:0 и 3:2 во дуелот со Кожув но успеа да дојде до израмнување и преку подобро изведување на пенали да оди понатаму.

ДВОЈКИ ЗА 16-ФИНАЛЕ ВО КУПОТ

Фортуна – Силекс 0:4
Охрид – Беласица 1:1, 5:4 пенали
Кожув – Ренова 3:3, 4:5 пенали
Кравари – Лабуништа 1:4
Тетекс – Шкупи 1:5
Локомотива – Струга Трим Љум 1:5
Влазерими – Работнички 0:4
Превалец – Борец 0:4
Осогово – Победа 1:0
Гостивар – Шкендија 1:4
Кит Го – Пелистер 1:1, 4:5 пенали
Љуботен – Тиквеш 1:5
Ново Црнилиште – Брегалница 0:22
Каменица Саса – Вардар ќе играат на 28 август

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот