Шкендија може и со Фелипе против Номе Калју, но…!

Фото: kfshkendija.com

Потсетување дека Бразилецот Фелипе потпиша договор на една година со македонскиот фудбалски шампион Шкендија.

Тетовските „црвено-црни“ веќе го одиграа првиот меч од 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите во Естонија каде што триумфираа минимално со 0:1 против Номе Калју, иако позитивата можеше да биде поголема.


Реваншот е во вторник на 16 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, се очекува Шкендија да ја оправда уште еднаш фаворитската улога и да се пласира во следната рунда каде што најверојатно ќе налета на шкотскиот гигант Селтик.

Како што информираат од клубот, Фелипе има право да настапи на возвратната пресметка, но најверојатно нема да се ризикува, да се трошат силите против ривал кој навидум после првите 90 минути не изгледаше опасно, топката беше константно кај Шкендија, па би требало оваа пречка без поголеми проблеми да биде прескокната.

Тој се приклучи подоцна во подготовките, па така, Бразилецот ќе продолжи да тренира на физички план, најпрвин започна индивидуално, а тренерот Османи секако го има последниот збор, ќе одлучи дали ќе му даде минутажа и го има дебитантскиот настап за клубот токму против Селтик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот