Шкендија ја освои Струмица, само бод за Вардар и Работнички

Фудбалерите на Шкендија по денешното 26-то вонредно коло двоцифрено ја зголемија разликата во однос на Вардар во битката за шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот на Ќатип Османи славеше во Струмица против Академија Пандев со 1-0, а победничкиот гол беше дело на Висар Муслиу.

По три победи во низа, Вардар ремизираше без голови на гостувањето кај Победа 0-0.

Второ реми по ред запиша Работнички откако на свој терен одигра 1-1 против Беласица. Денковски ги доведе гостите во водство во 51-та минута, а четири минути подоцна Шаркоски извлече бод за Романтичарите.

На табелата разликата меѓу лидерот Шкендија и второпласираниот Вардар сега е  10 бода, тетовчани имаат 59 наспроти 49 на најтрофејниот македонски тим. Следува Академија Пандев со 45 и еден натпревар помалку пред Ренова која се искачи на четврото место со 36 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот