Шкендија ја оправда фаворитската улога против Скопје

Тетовските „црвено-црни“ ги освоија првите бодови во шампионатот/Фото: fcshkendija

После ремито со Силекс, Шкендија во својот прв домашен натпревар од новата сезона во Првата македонска лига триумфираше дома со 2:0 против Скопје.

Уште во шестата минута тетовските „црвено-црни“ стекнаа предност после автоголот на Кировски (1:0).

А до крајот на првото полувреме проблемите за гостите драстично се зголемија откако дури двајца играчи добија црвени картони.

Најпрвин Христовски во 33 минута кој интересно претходно влезе во игра од 16 минута како замена за Божиноски, а во 37 минута теренот предвремено го напушти и Кировски.

Тоа го искористи составот на Артим Шаќири да постигне уште еден гол во 62 минута кога стрелаше Билали.

Следниот трет лигашки меч Шкендија ќе го има на 21 август кај Академија Пандев, а Скопје му гостува на кратовски Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот