Шкендија го заверува пласманот во наредната рунда

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија денеска (17 ч.) на Националната Арена „Тодор Проески“ го игра реванш натпреварот против естонскиот Номе Калју во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Македонскиот шампион во денешниот натпревар влегува со предност од 1:0 и се средбата да претставува чиста формалност, но и загревање за наредниот предизвик, шкотскиот шампион Селтик. Селтик на домашен терен го пречекува Сараево кого во првиот натпревар го совлада како гостин со 3:1.

– Оптимисти сме и очекуваме утре да поминеме во второто коло. Фудбалот многупати покажал дека знае да донесе изненадување и сега овој меч мора максимално сериозно да го сфатиме. Составот ќе го знам вечерва после тренингот, ама како што стојат работите веројатно е дека 99 проценти ќе биде ист како и на првиот натпревар. Овој резултат од првиот натпревар ни дозволува тактизирање – изјави тренерот Ќатип Османи.

Денешната средба фудбалерите планираат да ја искористат за подобрување на ефикасноста. На првиот натпревар, тетовчани доминираа на теренот но постигнаа само еден гол, и тоа од пенал пред Агим Ибраими.

– Нѐ очекува реваншот со Номе Калју, имаме добар резултат, но не значи дека сѐ е завршено. Знаеме дека доминиравме на првиот меч, имавме посед, добри шанси, ама ни фалеше реализација. Првите мечеви се тешки, но со тек на времето очекувам да бидеме во уште подобра форма и веќе на овој натпревар да ја поправиме реализацијата – смета капитенот на Шкендија, Армедн Алими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот