Шкендија го елиминираше Работнички, познати сите полуфиналисти во Купот

фото: facebook.com/fcshkendija

Штипска Брегалница двапати беше подобра од екипата на Лабуништа, додека Струга Трим Лум славеше на гости кај тетовската Ренова.

Денеска се одиграа реванш натпреварите од фудбалскиот Куп на Македонија и се дознаа сите четири патници во наредната фаза, тие се Академија Пандев, Шкендија, Струга Трим Лум и Брегалница од Штип.

„Пандевци“ после триумфот на првиот меч од 0:1, на возвратната пресметка на домашен терен во Струмица одиграа нерешено 1:1 против Шкупи. Поведоа домаќините со голот на Дориев во 61. минута, израмни Дарбое во 75.

По првите 90 минута Брегалница имаше позитива од 1:0, а уште поубедливи беа штипјани на реваншот со Лабуништа (1:4). Двоен стрелец беше Стојанов (23. од пенал, и 40. минута), по еден гол имаа Додев (41`) и Стојчевски (86`). На спротивната страна единствениот погодок беше дело на Сунај (52`).

Работнички имаше убав резултат по првиот дуел 1:1 против Шкендија, но и покрај скопскиот тим доживеа елиминација. Тетовскиот клуб извлече 2:2 и поради поголем број на постигнати голови на гости се пласираше меѓу најдобрите четири во куп натпреварувањето.

За Шкендија стрелци беа Нафиу (38`) и Б. Ибраими (74`), а кај „романтичарите“ Јевтоски од пенал (71`) и Крстовски во 86. минута.

Немаше голови на првиот дуел, но затоа го имаше во вториот, Струга Трим Лум како гостин со 1:2 ја елиминираше Ренова.

Иако „гипсарите“ први поведоа со голот на Кадриу (23`), стружани направија целосен пресврт благодарение на Делиај (43`) и Цветаноски (84`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот