Шкендија ги однесе трите бода од Ѓорче

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија со минимални 0:1 славеше на гостувањето кај Македонија ЃП и остана на делба на лидерската позиција на табелата во првата фудбалска лига. Единствениот гол го постигна Бесарт Ибраими во 86.минута и тоа од пенал, откако Атанаскоски го собори Абу-Бакер во сопствениот шеснаесетник.

Во вториот денешен натпревар Ренова со 2:0 ја совлада Академија Пандев и ја продолжи мизеријата на струмичани. Пандевци се последни на табелата со три порази во три натпревари. Ренова поведе со гоот на Ремзифаик Селмани, а конечниот реузлтат го постави Ален Јашароски во последните моменти од натпреварот.

фото: ФК Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот