Шкендија елиминирана од Купот, Македонија ЃП во полуфиналето!

Фото: instagram.com/fcshkendija

Денеска се одиграа четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија, како што донесе претходно одлука ФФМ поради ситуацијата со ковид-19, но и згуснатиот распоред сезонава се игра по еден меч, а не според досегашниот принцип дома-гости.

Најголемото изненадување го направи Силекс кој ја елиминираше тетовска Шкендија од натпреварувањето, откако во пенал серијата составот од Кратово славеше со 4:2. Мируваа мрежите во регуларните 90 минути.

Потоа, пласман во полуфиналето слави и екипата на Македонија ЃП која во Струмица триумфираше со резултат 1:4 против Беласица. За ѓорчепетровци двапати во листата на стрелците се запиша Адем, по еднаш Басит и Сантос Барбоса. За Беласица голот го постигна Каланоски.

Струга Трим Лум на домашен терен со 1:0 славеше против Ренова со погодокот на Лена од пенал.

Академија Пандев со 2:1 во Спортскиот центар „Пандев“ – Струмица забележа победа над Шкупи. За „пандевци“ стрелаа Томовски и Илиев, а на спротивната страна Дарбо го запиша голот за тимот од Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот