Шкендија денеска во Тетово го слави шампионскиот трофеј

Како што тетовци го најавуваат неделниот дуел, трофејот доаѓа дома, Шкендија слави против екипата на Академија Пандев, средба која ќе започне од 16:30 часот.

Влезот за сите љубители на фудбалот ќе биде бесплатен, со цел трибините бидат исполнети и се прослави одбраната на шампионскиот трофеј.

Тренерот Ќатип Османи за пресметката со Академија Пандев нема да може да смета на повредениот капитен Алими, а сеуште се опоравуваат Б. Ибраими и голманот Захов.

Фото: KF SHKENDIJA

Од друга страна, „пандевци“ исто така имаат една одлична сезона, најдобра во досегашната клупска историја, а наскоро ќе го имаат и дебито во европските купови.

Најверојатно ќе настапат и во еден комбиниран состав со цел да се чуваат силите за финалниот куп меч со Македонија ЃП.

Прва македонска фудбалска лига

Денеска, 16:30 часот:

Шкупи-Ренова
Беласица-Работнички
Македонија ЃП-Силекс
Вардар-Победа
Шкендија-Академија Пандев

Табела:

1.Шкендија 76 бодови
2.Вардар 60
3.Академија Пандев 57
4.Шкупи 44
5.Ренова 43
6.Работнички 43
7.Македонија ЃП 41
8.Силекс 41
9.Беласица 38
10.Победа 23

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот