Шкаљарски рецепт за смрт: Убиецот тивко му пришол зад грб и го изрешетал со 13 куршуми (ВИДЕО)

Мило Илиќ (28), припадник на „кавачкиот клан“, кој во понеделникот попладне беше убиен на улица во Подгорица, ликвидиран е со 13 истрели во грб, пишуваат медиумите во Црна Гора.

Полицијата вчера објави снимка од маж со капа за кого се сомнева дека пукал во Илиќ. На видеото се гледа како тој оди по улица, застанува како би погледнал нешто во телефон, а неколку минути подоцна се гледа како тој со рака во џеб бега од местото на кое е убиен Илиќ.

Сурово ликвидиран: Мило Илиќ

Полицијата го проверува мотивот на убиството, а по бруталноста го споредуваат со убиството на пријателот на Илиќ, Веселин Калезиќ, кој на исти начин во ноември минатата година беше ликвидиран во подгоричката населба Стар аеродром. Станува збор за пресметка меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот