Шишкарев се пошегува: Сакам да станам Македонец, но не ми даваат пасош

Рускиот ракометар и член на РК Вардар, како и сите други ракометари беше во делирум при вечерашната прослава на плоштадот „Македонија“, па кога го доби микрофонот во раце одлучи малку да се пошегува.

Тој истакна дека сакал да стане Македонец, но не му давале пасош!

-Сакам да станам Македонец, ама не ми даваат уште пасош. Јас го барам една година, ама тие не сакаат да ми дадат. Луѓе ви честитам. Ова е голема победа за нас, за вас, за цела Македонија. Еден живот, една љубов, вели Шишкарев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот