Ширењето на ковид-19 се распламтува наместо да престанува: Јапонски медицински здруженија прогласија вонредна состојба

Јапонија ковид-19
Луѓе со заштитни маски во Јапонија / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонските здруженија на доктори, медицински сестри и уште седум стручни здруженија денеска прогласија вонредна состојба во здравството и упатија апел до Владата да го поддржи националниот здравствен систем, кој се соочува со огромни проблеми поради пандемијата на коронавирусот.

– Ширењето на коронавирусот не престанува. Луѓето кои не се јавуваат на лекарски преглед, нема да добијат ниту соодветен медицински третман и ќе останат сами со ковид-19, се наведува во заедничкото соопштение.

Епидемијата на коронавирус во Јапонија се распламти овој месец и предизвика страв дека медицинските установи ќе станат премногу тесни и без доволно квалификувани медицински работници за да ги примат сите заразени.

Во Јапонија досега се потврдени над 210.000 позитивни на ковид-19 и 2.965 смртни случаи како последица на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот