Шилегов: Граѓаните не се незадоволни што реконстуираме улици на повеќе места истовремено

За два дена почнаа да се раскопуваат улици на две различни локации во центарот на Скопје. Сообраќаен метеж деновиве ќе има и на улицата Васил Ѓорѓов.

Денеска започна да се реконстуира улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза (улицата Водњанска), во должина од 1.000 метри.

Улицата Васил Ѓоргов е 13.реконструкција што ја почнува Градот Скопје во оваа градежна сезона.

– Метежот ќе заврши, а потоа, за неполн месец, на сите локации каде што работиме ќе добиеме целосно обновена или нова инфраструктура. Скопје нема алтернатива освен да ја подобри инфраструктурата зашто безбедноста во сообраќајот, а особено безбедноста на пешаците и на велосипедистите, е примарна за секој од нас – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Скопје, 1 октомври 2020 / Фото: Град Скопје

На новинарско прашање, зошто Градот не почека да заврши реконструкцијата на улицата 11 октомври, Шилегов одговори дека едната улица е во источниот коридор а Васил Ѓорѓов во западниот коридор, и не претставува пречка тоа што се реконструираат истовремено.

– Луѓето кои гравитираат на двете сообраќајници се различни и не си прават метеж едни на други. Јас немам чувство дека кај граѓаните има незадоволство од тоа што вршиме реконструкција, можеби има моментално незадоволство поради гужвите што се создаваат, меѓутоа не постои поинаков начин како да извршите реконструкција на улица, без да го пореметите секојдневното движење на граѓаните. Навечер не може да се работи, бидејќи тоа не се потези што може да ги отворите и да ги затворите веднаш, што значи и да ја изгребеме навечер улицата, утредента по неа пак нема да може да се вози, а и тука живеат луѓе, не можеме да им работиме под прозор ноќе, со работни машини, рече Шилегов.

За реконструкција на улицата Васил Ѓоргов ќе се вложат околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 45 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот