Шилегов: Зошто Арсовска продолжува да ја лаже јавноста дека нема бугарско државјанство?

Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Фото: Слободен печат/Архива

Имав прилика денеска да ги видам информациите во медиумите и искрено многу непријатно се изненадив, коментира актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов по објавата на СДСМ дека неговата опонентка Данела Арсовска имала бугарско државјанство.

– Не толку поради фактот дека има бугарско државјанство, за кое ако сакате да го добиете треба да се изјасните како Бугарин/Бугарка. Како се чуствува по националност и зошто и како земала државјанство, тоа е нејзина работа. Но она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани е прво, зошто не ја кажува вистината во јавноста и второ зошто продолжува да ја лаже јавноста околу овој очигледен факт. Прашањето е за што уште не ја кажувала вистината и за што уште што кажа во кампањата е лага? Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој кој претендира да биде градоначалник, очигледно Арсовска е склона кон криење на факти од јавноста. Сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање кое сега треба да си го постават и граѓаните и медиумите, вели Шилегов во изјава за „Слободен печат“.

ВИДЕО | Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот