Шилегов: Зелениот покрив на Домот на градежници ќе биде готов во април во 2021 година

Активностите за изградба на вториот зелен покрив на Домот на градежници во Скопје се интензивирани и ќе завршат во април следната година, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Градоначалникот во одговор на советничкото прашање за зелениот покрив, потсети дека целта на овој проект е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.

Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленило, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.

Како што соопштија градските власти, запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје” беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови” кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.

Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот