Шилегов за Мисајловски: Тој е шалабајзер, тој не е политичар

Реагирам на селфито на потпретсетателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, бидејќи за мене тоа треба да е сериозен човек.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во денешното гостување на ТВ 24 рече дека техничката влада е влада за организација на избори. Доколку не постојат услови за одржување на изборите, тогаш треба да се врати политичката влада, смета тој.

-Не мислам дека постои партија која вели дека треба да имаме избори по секоја цена. Велат избори, кога ќе има олеснување на здравствената криза. Ако сме се договориле да имаме техничка влада за организација на избори, а невозможно е да се одржат избори, тогаш треба да ја вратиме политичката Влада и Собранието. Јас се надевам дека ќе имаме услови за избори, вели Шилегов.

Реагирам на селфито на потпретсетателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, бидејќи за мене тоа треба да е сериозен човек.

-Тој е шалабајзер, шарлатант, затоа што од функција на потпретседател на политичка партија, да правиш селфи и да тврдиш дека тревата чини 538 илјади евра, тоа е хохштаплер класичен, неписмен примитивец, од секој аспект, кој пробува со лаги да ќарува политички поени- рече Шилегов.

Вие како медиум оградете се и рече Шилегов на новинарката на Телевизија 24.

-Вие како медиум оградете се, јас стојам зад моите изјави, и сум спремен да примам критика, но потпретседател на најголемата опозициска партија, да пласира селфи, тој е шалабајзер. Чулев сум го молел полицијата да си ја врши работата- рече Шилегов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот