Шилегов за инцидентот со галијата во Вардар: Има работа за полицијата и Обвинителството

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Ексградоначалникот на Скопје Петре Шилегов го коментираше инцидентот кој се случи вчера на галијата во Вардар, каде човек кој се претстави како сопственик, на груб начин ги избрка работниците ангажирани да го уриваат објектот.

-Јас сум обичен граѓанин. Сметам дека има работа за полицијата и, пред се, за Обвинителството, бидејќи се врши кривично дело – изјави за Шилегов за Фокус околу случајот, додавајќи дека има извршна клаузула за уривање на објектот.

Инаку, името на поранешниот градоначалник го спомнува лицето што го снима видеото и ги брка работниците, велејќи им да си одат затоа што „Петре изгуби“. Како што е познато, уривањето на објектот го иницираше Град Скопје додека градоначалник беше Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот