Шилегов: За да нема гужви, автобусите утре наместо од 6, ќе возат од 5

Наместо од 6 часот, со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението во период од 2105 часот, јавниот превоз ќе почне да сообраќа од 5 , најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

– Заради проблемите кои што денес се појавија во јавниот превоз во Скопје, денес побаравме од Владата и беше донесена одлука да се скрати полицискиот час од 21-05 часот, а со цел избегнување на утринските гужви во автобусите.

Од утре, автобускиот превоз ќе се одвива од 05 часот наутро (како и до пред денешниот ден), за секој навремено и без гужви да стаса до својата дестинација.

Ова, секако не значи дека било кој од нас треба да се опушти во чувањето на сопственото и јавното здравје и да се придржува кон препораките на надлежните.

Ве замолувам, кој нема неопходни и неодложни обврски, да останете дома, стои во објавата на Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот