Шилегов: Возачот навремено ги евакуирал сите патници (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиСкопје

Шилегов: Возачот навремено ги евакуирал сите патници (ВИДЕО)

Тој објави видеа од опожарениот автобус, како и од интервенцијата од страна на противпожарните екипи.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов преку Фејсбук извести дека нема ниту еден повреден патник откако автобус на ЈСП се запали во населбата Ѓорче Петров.

„Возачот Ивица Петрушевски навремено ги евакуирал сите патници и започнал да го гаси пожарот со ПП апаратите. Пожарната пристигна за помалку од 5 минути. Пожарот е изгаснат. Почит за возачот и пожарникарите“, напиша Шилегов.

Тој објави видеа од опожарениот автобус, како и од интервенцијата од страна на противпожарните екипи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close