ШИЛЕГОВ ВО ПОДГОРИЦА: Го зајакнува младешкиот и спортски дух

Денеска (15.05.2019 година, среда) во Подгорица (Црна Гора) започнаа спортските натпревари меѓу најдобрите екипи од средните училишта од Скопје и од Подгорица.

Пред почетокот на натпреварите се обрати градоначалникот Петре Шилегов и ги поздрави екипите на Подгорица и на Скопје. На натпреварите присуствуваше и делегација од кабинетот, како и членовите на Советот на Град Скопје Соња Глинџарска, Лука Кржалоски и Ибуш Јусуфи.

Средношколските екипи од Скопје се натпреваруваат со нивните врсници од Подгорица во кошарка, ракомет и футсал во машка и во женска конкуренција, како и во одбојка во женска конкуренција.

Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Подгорица се продолжение на праксата за организирање вакви натпреварувања, а во изминатите години се организираа спортски гостувања во Нирнберг, Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград.

Претходно, во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 7.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје. За организација и реализација на училишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 3.500.000 денари. Дополнително, и оваа година додели стипендии за спортистите средношколци од Скопје, односно додели 105 стипендии во висина од 3.000 денари месечно, за 8 месеци, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје.

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства од повеќе области што се значајни за двата града.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот