Шилегов: Во фискална децентрализација ќе учествуваат само финансиско примерни општини

Петре Шилегов/Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

 Во фискалната децентрализација ќе учествуваат само оние општини кои ги исполнуваат своите фискални обврски, односно оние општини кои ги собираат даноците и кои не прават неоправдани трошоци, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на прашањето околу најавената фискална децентрализација на општините.

Шилегов рече дека тоа е систем за каков се залагаат и Владата, но и ЗЕЛС и што тој го поддржува, бидејќи, според него, не е коректно граѓани во определени општини да бидат задолжени од една страна, додека некоја друга општина да не ги извршува основните функции на собирање на данокот на имот и за сметка на тоа да биде оптоварен државен или некој друг општински буџет.

– Од 2005 година, од кога е започнат овој систем на локална самоуправа, па до сега, имаме собрано доволно искуства за да ги направиме компарациите и да ги утврдиме и добрите и лошите страни на постоење на ваквиот систем и на општините со вакви ингеренции кои ги имаме. Токму заради тоа го почнавме процесот на реализација меѓу кои е и фискалната децентрализација не само институционална, значи тоа се два процеса кои што треба да одат паралелно, институционалната да ја прати фискалната децентрализација, рече Шилегов на денешната прес-конференција во одговор на новинарски прашање.

Тој посочи дека мислење на ЗЕЛС и на Владата е дека мора да се направи систем на фискално наградување на дисциплинираните општини.

Во делот што се однесува на зголемување на фискалната децентрализација може да претендираат само општините кои што се во финансиска смисла примерни, односно кои ги собираат даноците кои не ги прават трошоците неоправдано за да се згоелмува долгот на општината. Мора да ставиме фискални ограничувања и фискално поведение и на единиците на локална самоуправа, рече Шилегов.

Прашан околу најавено зголемување на приходите на општините, Шилегов посочи оти тоа е планирање на буџет и мерило со приходите од минатата година.

Ако вие минатата година сте имале приход 100, можете да планирате годинава буџет кој е за 50 отсто поголем. Тоа како го организирате буџет е работа на градоначалникот и на службите во општините и не е идејата да се конституираат нереални буџети, туку да може евентуални фискални зафаќања или приходи кои се поголеми да можат да бидат вградени инаку ќе го имавме тој механизам да не можете да го искреирате буџетот. Токму на тоа се однесуваат законските измени, додаде скопскиот градоначалник.

Тој информира дека 2019 година е убедливо најдобра година во фискалните приходи во историјата на Градот Скопје.

– Во 2020 година, иако беше Ковид година, послаби сме за 3 до 4 проценти од 2019 година. Тоа значи дека Градот си ја исполнува својата обврска да ги собира приходите кои што се всушност градски приходи, рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот