Шилегов во Аеродром: го решаваме проблемот со уличните кучиња, сторителот на грозоморното убиство мора да одговара

Градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов придружуван од градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, членот на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски и претседателката на ОО СДСМ Аеродром Љубица Јанчева, попладнево учествувале на маалска средба со граѓаните од населбата Аеродром.

Шилегов, како што се соопштува разговарал на повеќе теми со граѓаните на општина Аеродорм, а посебен осврт беше ставен на урбанистичкото планирање и обновувањето на патната инфраструктура, како и мерките кои се преземаат како идејно решение во справувањето со загадениот воздух.

– Во општина Аеродром, како и во повеќето скопски општини се реконструирани неколку значајни собраќајници, а во моментов во општина Аеродорм се заврши реконструкцијата на булеварот „Февруарски поход” во Ново Лисиче, а во финална фаза е реконструкцијата на улицата „23 октомври” поранешна „Владимир Комаров”. Работиме интензивно за подобрување на собраќајната инфраструктурата во градот Скопје, со цел возачите, како и велосипедистите и пешаците да бидат безбедни и сигурни – истакна Шилегов.

Шилегов се осврна и на проблемот со уличните кучиња во населбите Аеродром и Ново Лисиче, но и за монструмот во аеродром кој со секира искасапил улични кучиња. 

– Грозоморен е чинот на убиства на улични кучиња што се случија во овој дел од градот. Згрозен сум од таквиот чин и ќе се заложам сторителот да биде пронајден и соодветно казнет. Како градска власт ние сме се сојузници со вас граѓаните во решавање на проблемот со уличните кучиња. Правиме се да го решиме проблемот без притоа кој било да биде оштетен. Во таа насока во соработка со стационарот Лајка ќе воведеме комунални инспектори кои работат токму на проблемите со кучињата скитници. Вашата реакција е разбирлива и оправдана и затоа ве повикувам уште утре да организираме заеднички состанок со директорката на стационарот Лајка за да изнајдеме што е можно поефикасно решение – рече меѓу другото Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот