Шилегов викендот го минал во Маврово, советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од него

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, да си даде оставка бидејќи тврдат, покрај морална, има и кривична одговорност затоа што бил во Маврово изминатиот викенд кога главниот град беше во карантин.

-Градоначалникот Петре Шилегов како одговорен на градскиот кризен штаб и како прв човек во градот треба да ја споделува маката на граѓаните кои во Скопје останаа три дена затворени. Тој она што го направи е избега од Скопје во Маврово и не беше под карантин. Освен градот што остана без градоначалник, кој со оглед на неговата неработа и не е некоја загуба, остана и без првиот човек на кризниот штаб што пак повлекува и кривична одговорност. Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот