Шилегов уверува: „Дрисла“ нема техничка можност да спалува опасен отров или материјал

фото:МИА

Нема техничка можност во депонијата „Дрисла“ да се спалува отпад од било каков карактер освен медицински отпад, изјави градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Прашан дали може на скопјани да им гарантира дека во „Дрисла“ не се гори опасен отров или материјал, Шилегов одговорноста ја префрли на Државниот инспекторат, за кој рече дека е надлежен за надзорот на работата на депонијата во еколошка смисла како капацитет со „А” лиценца.

– Во „Дрисла“ не постои погон кој може да согорува таков тип на отпад, бидејќи таму има само инсинератор (горилник) за палење на медицински оптад. Друг вид на отпад за жал не се гори. Ако успееше постапката за избор на приватен партенер, таков тип на инсталација беше еден од таргетите кои Градот ги постави, рече Шилегов.

Тој вели дека Градот ги заврши сите постапки кои во формална смисла значат преземање на „Дрисла“ како јавно прептријатие и додаде дека Централниот регистар има свој став што, како што рече, за жал не соодветствува на ставот на Градот.

– Во овој момент во формална смисла не постои постапка во која Градот треба да избере некаков приватен партнер кој би раководел со Дрисла, а за жал порано избраниот партнер се уште е внатре и се уште стопанисува и без никаков правен основ реализира одредени профити иако нема формален основ, рече Шилегов.

Потсети дека Советот на Град Скопје веќе донесе одлука да се прекине постапката и да се врати Дрисла како јавна споственост и како јавно претпријатие.

Шилегов и очекува дека до крајот на ноември или во првата половина од декември, Градски енергетски системи (ГЕС) да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енегрија во сисемот за централно греење во Градот.

– Во тек е постапката околу обезбедувањето на финасиската поддршка за работењето на Градски енергетски системи (ГЕС), како еден од условите за добивење на лиценца. Во моментот кога ќе ги завршиме банкарските формалности ќе аплицираме во Регулаторната комисија за енергетика за добивање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, изјави Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот