Шилегов: Со ваша поддршка го претворивме Скопје во успешна приказна

Фото: Принтскрин

Скопје е најубав кога е полн, како што денеска е полна оваа сала, претесна да ве собере сите. Вашето присуство е знак дека сме на вистински пат, изјави на денешната трибина „На прав пат“ на СДСМ градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Со вашата поддршка од пред две години успеавме чекор по чекор Скопје да го претвориме во успешна приказна. Но, приказната не завршува овде. Најдоброто допрво доаѓа – најави Шилегов.

Градоначалникот најави решение на проблемот со аерозагадувањето, како и изградба на Универзалната сала со почеток во јануари, а притоа и потсети на сите работи кои во овие две години биле направени.

– Не беше залудна борбата за промени, покажавме дека можеме повеќе – изјави Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот