Шилегов: Со прекинување на постапката за Дрисла, Градот ќе банкротираше

Градот Скопје не можел да ја прекине постапката за депонијата „Дрисла” и покрај нејзината контраверзност. Не постоела правна можност за тоа. Ако направел таков чекор, ќе отворел простор за поднесување тужби што ќе значело и евентуален негов банкрот. Поради тоа, како што објасни денеска градоначалникот Петре Шилегов, завчера на седница со одлука на Советот е избран конзорциумот во кој се наоѓа и германската фирма „Шолц”.

– Советот на Град Скопје завчера одржа седница. Согласно одлуките на Судот, ја продолживме постапката почната во 2011 година. За жал, не постоеше правна можност да ја прекинеме иако сериозно контраверзна, а сериозни контраверзии предизвикуваше и избраниот концесионер. Прекинувањето на постапката во оваа фаза ќе го направи Градот правно порозен, да бидат поднесени тужби од двајцата учесници и тоа можеше да го банкротира. Затоа, со одлука на Советот е избран конзорциумот во кој се наоѓа и германската фирма „Шолц”, истакна Шилегов, одговорајќи на новинарски прашања пред конференцијата „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив развој”.

Според Шилегов, непостоењето правна ситуација за прекинување на постапката се должи на несериозното работење на претходната администрација.

– Правиме сериозен обид да ја исправиме таа работа зашто Скопје и неговите граѓани заслужуваат модерна европска депонија, подвлече градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот