ВИДЕО | Шилегов: Со новата противпожарна скала ќе ги спасуваме и граѓаните кои живеат над петти кат

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната презентација на новата противпожарна скала, изјави дека со придобивките од оваа опрема ќе можат да се спасуваат и граѓаните кои живеат и повисоко од петти кат.

Противпожарната Бригада на Град Скопје и специјалните единици за спасување на Министерството за внатрешни работи ја изведуваат презентацијата на потегот од Тутунски Комбинат до крстосницата кај Црвен Крст. За таа цел, во период од 18:00 до 21:00 часот сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен.

„За да можат граѓаните да се запознаат со придобивките од оваа опрема, одлучивме да ја презентираме скалата. Противпожарната бригада поседува НАТО сертификат за спасување. Ќе можеме да ги спасуваме и граѓаните кои живеат и повисоко од петти кат“, изјави Шилегов.

Градоначалникот додаде дека вежбата ќе ја предводи Командантот на противпожарната бригада, а ќе ја изведе единицата против тероризам.

Видео на денот