18.8 C
Скопје

Шилегов: Скопје го направивме успешна приказна, скопјани го заслужуваат најдоброто

Заедно со вас граѓаните успеавме да создадеме едно сосема ново, едно поинакво Скопје да го претвориме Скопје во една сосема поинаква, успешна приказна, а таа приказна не завршува тука. Скопје денес е многу подобро од пред четири години. И тоа е така затоа што Скопје го заслужува најдоброто. А најдоброто допрва следува, порача пред насобраните граѓани на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој додаде дека пред околу четири години кога ја почнувавме оваа приказна, баравме промени затоа што сите подеднакво нѐ болеше тоа што му се случуваше на нашиот град, на нашата татковина.

– Луѓе без визија и морал нѐ затрупаа во камен, стиропор и бронза, служевме за потсмев во светот додека буквално се гушевме од невкусот, криминалот и во загадениот воздух што ни го оставија во аманет, а денес, после четири години вложување многу љубов, средства, волја, упорност во секое маало, во секое катче од Градот убав, од нашето Скопје, разликите се видливи, разликите се неспоредливи, нагласи Шилегов, додавајќи дека токму тоа опозицијата најмногу ја боли и води црна пропаганда, која паѓа во вода кога се возат по новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, до обиколница, кога возат велосипед на булевар АСНОМ, кога се движат по Никола Карев или пластичарска или Босна и Херцеговина.

– Ги боли што во Скопје четири булевари се граделе истовремено само после двата земјотреса, еден навистина трагичен од 1963 година и еден што ја уби душата на нашиот град – Скопје 2014, порача Шилегов.

Тој наведе дека само минатата година се реконструирани и изградени вкупно 21 улица, сите 23 средни училишта во градот се реконструирани и сега имаат нови енергетски ефикасни фасади и прочистувачи за воздух во секоја училница.

– Бас рапид транзит системот на брз автобуски превоз популарно наречен „трамвај на тркала“ е на чекор од неговата имплементација. Со потпишувањето на договорот за заем од 70 милиони евра, со поддршка на Владата, процесот на воведување на БРТ во Скопје го доведовме до точка од која нема враќање. За четири години ќе почне да работи на двата правци, истакна Шилегов, додавајќи дека токму СДСМ во Скопје имплементира најбрз концепт за превоз на патници во Европа.

– Денеска никој веќе не зборува за загадување. Започнавме војна со аерозагадувањето со воведување на нови 40 мерки, истакна Шилегов, наведувајќи дека наместо импровизирани скапи набавки на кинески двокатни дизел автобуси, Скопје денес е побогато за 33 нови еко автобуси на гас од реномираниот европски производител МАН.

Тој додаде дека само со субвенциите за инвертер клима уредите во Скопје се заменети 6500 грејни тела, изградени се 2 нови зелени кровови на ГТЦ и Домот на градежници, третиот на Мавровка се прави, а воведен е целосно нов концепт за третман на комуналниот отпад, дивите депонии и дивите паркиралишта ги претвораме во паркови.

Скопската мрежа на велосипедски патеки го надмина 100-тиот километар, а за љубителите на екстремните спортови на Водно изведовме модерна апхил велосипедска патека, тротоарите се ослободени за пешаци рече Шилегов, додавајќи дека Кејот 13 ноември е ослободен од терасите во средишниот дел, а со поддршка на Владата започнува и реконструкцијата на Универзална сала која наскоро ќе ги задоволува сите стандарди потребни за една културна институција.

– Короната не нѐ спречи да изградиме Дино парк во кругот на Зоолошката кој сега руши рекорди на посетеност како регионална атракција, рече Шилегов и најави дека во август ќе биде потпишан договор за нов забавен парк, најдоброто во радиус од 300-400 километри од нашиот град.

– Скопје го заслужува најдоброто, а Скопје е град за секој од нас. Започнавме заедно, покажавме и докажавме дека знаеме и можеме храбро да чекориме на вистинскиот пат. Мораме да продолжиме заедно. Заедно за Скопје. Заедно за нас, порача градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“

Поврзани вести

Рама и Мета ја поздравија одлуката на Холандија за Албанија да почне преговори со ЕУ

Слободен печат

ООН ги поздрави резултатите од средбата меѓу Бајден и Путин

Слободен печат

Шахпаска: Креираме законско решение кое ќе одговори на денешното современо време

Слободен Печат

СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е под палка на бегалецот од Будимпешта

Слободен Печат

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели

Слободен печат

Паника во Рим: Пронајдена бомба во автомобил на три часа пред почетокот на натпреварот Италија – Швајцарија

Слободен печат

Остави Коментар