Шилегов сепак нема да дозволи објект над ГТЦ, следниот месец ќе се поставува првото зеленило – Слободен печат
ВестиСкопје

Шилегов сепак нема да дозволи објект над ГТЦ, следниот месец ќе се поставува првото зеленило

„Би сакал да ја информирам јавноста дека Град Скопје денес донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ“, напиша Шилегов.

Откако јавноста силно реагираше на фотографиите од изградбата на новиот објект над Градскиот трговски центар (ГТЦ), градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денес објави дека е донесена одлука за демонтажа на времениот објект на оваа локација.

– Би сакал да ја информирам јавноста дека Град Скопје денес донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот – напиша Шилегов на Фејсбук, објавувајќи и фотографија од одлуката.

Фото: Фејсбук/Петре Шилегов

Тој дополнително ја објасни одлуката, информирајќи за процесот и консултациите кои претходеле на неа.

– По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ – рече градоначалникот.

Тој додаде дека работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, и во текот на следната недела ќе започнат работите за поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close