Шилегов се премисли, наместо да го руши, ќе го догради мостот за панорамското тркало

Останува уште да се постават пристапни рампи и некои ситни зафати, и мостот оваа пролет ќе биде пуштен во употреба, најави Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, објави дека се отстранети фундаментите за Панорамското тркало од Вардар. Тој на Фејсбук напиша:

„Тргнати се фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар е чисто и проточно“.

Иако првично Шилегов тврдеше дека мостот на кој требаше да се постави панорамското тркало, ќе се сруши, сега најавува дека мостот ќе биде целосно готов и пуштен во употреба за два месеца.

“Откако ги направивме сеопфатно анализите беше констатирано дека разликата од доградба на мостот и неговото рушење е 500 000 евра. Значи толку би коштало да се доизгради мостот по редуцираниот проект без барокни елементи и панорамски тркала. Тоа е причината поради која одлучивме да го доизградиме пешачкиот мост. Напоменувам дека таму имавме потрошени неколку милиони евра. Проценката што требаше да ја направам е дали претходно потрошените 5-6милиони евра да ги фрлиме во Вардар или да го доградиме мостот за 500 000 разлика“, рече Шилегов.

Скопјани по новиот пешачки мост ќе може да се шетаат пролетва.

– Останува уште да се постават пристапни рампи и некои ситни зафати, и мостот оваа пролет ќе биде пуштен во употреба, најави Шилегов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот